Линкови за пристапност

Флорида и Охајо, последна шанса за ривалите на Трамп


Две од државите каде ќе се гласа во вторник се по принципот „победникот зема се“

Четворицата преостанати републикански претседателски кандидати ја завршија последна дебата во четвртокот, пред да ја продолжат кампањата во клучните сојузни држави Охајо и Флорида, држави со голем број делегати кои гласаат следниот вторник заедно со Илиноис, Мисури и Северна Каролина.

Гласањето би можело на Доналд Трамп да му даде несовладлива предност во борбата за номинацијата или да им даде нов живот на кандидатурите на неговите предизвикувачи, сенаторот од Тексас Тед Круз, сенаторот од Флорида, Марко Рубио и гувернерот на Охајо, Џон Касик.

Кандидатурите на Марко Рубио и Џон Касик зависат од гласовите во нивните матични држави, Флорида и Охајо.

Бројките во Флорида не изгледаат ветувачки за Рубио. Доналд Трамп води во сите анкети во просек со15 поени. Касик во Охајо води со мала разлика.

Победата на Трамп над Рубио и Касик ќе доведе до тоа во кампањата да останат само двајца кандидати,Тед Круз и Доналд Трамп.

Сенаторот од Тексас може да ги привлече гласачите на Трамп кои се во потрага по кандидат кој не доаѓа од естаблишментот, и кој ќе се бори за нивните интереси во Вашингтон. Круз продолжува да ужива добра поддршка во помалите држави со конзервативни гласачи. Тој ќе има најголема корист ако Рубио и Kасик се откажат од трката. Круз долго време тврдеше дека е единствениот кандидат кој може ефективно да му се спротивстави на Доналд Трамп. Но неговиот моментум може да дојде премногу доцна, ако Трамп победи во Флорида и Охајо и додаде значаен број на делегати.

Две од државите каде ќе се гласа во вторник се по принципот „победникот зема се“, што значи дека кандидатот кој добие мнозинство од гласовите ги собира сите делегати од државата. Илиноис гласа во вторник и на победникот му дава мнозинство од своите делегати. Дури и ако предизвикувачите на Трамп поминат добро во гласањето во вторникот, повеќето аналитичари сметаат дека ќе биде многу тешко за Круз, Рубио или Касик да обезбедат поголем број на делегати потребни за обезбедување номинацијата.

XS
SM
MD
LG