Во интервју објавено денеска во германскиот весник Билд, претседателот Иванов истакнува дека Република Македонија тешко се справува со ситуацијата, откако морала да прогласи национална криза. Тој се пожали дека Европската унија не покрила „ниту еден цент“ од трошоци на Македонија и рече дека трговскиот блок „целосно ја изгубил од вид“ загриженоста за безбедноста, во обидите да ги прилагоди условите за милиони Сиријци, Авганистанци и Ирачаните кои бегаат од насилството и економска несигурност во нивните земји.
Тој рече дека Македонија конфискувала околу 9.000 фалсификувани или украдени пасоши од мигрантите и се пожали дека Германија одбила да споделува биометриски информации за милитантните исламисти.
Во однос на хуманитарните проблеми, Иванов вели дека Германија има направено многу, но во однос на безбедноста напорите се „целосен неуспех.“
Во четвртокот, Австрија ја поддржа одлуката на Македонија и три други балкански земји да ги затворат своите граници за речиси сите мигранти.
Виена повика патот на мигрантите да остане затворен на неодредено време.
Австриската министер за внатрешни работи Јохана Микл - Лајтнер рече дека нејзината влада ја поддржува акцијата за ограничување на имигрантите кои се обидуваат да преминат од Балканот во северна Европа.
Словенија, Македонија, Србија и Хрватска ги затворија границите неделава за сите мигранти, освен оние кои планираат да бараат азил во рамки на нивните граници.
Во меѓувреме, турските новински агенции известуваат дека пет мигранти, вклучувајќи и три месечно бебе се удавиле во водите на западниот брег на Турција, откако бродот што ги превезувал до Грција, потонал на пат кон островот Лезбос.