Северна Кореја истрелала два балистички проектили со краток дострел кон морето, во очигледен одговор на континуираните воени вежби на Јужна Кореја и САД.
Јужнокорејскиот министер за одбрана кажа дека проектилите биле истрелани рано утрото од покраината Хвангае која се наоѓа на северот на земјата. Ракетите летале околу 500 километри и паднале во водата во близина на источниот брег на земјата, соопштија властите во Сеул.
Овие акции не се невообичаени во време на зголемено непријателството на Корејскиот Полуостров.
Стејт департментот одби да коментира.