Линкови за пристапност

Демократска дебата во Флорида


Демократските претседателски кандидати Хилари Клинтон и Берни Сандерс ги спротивставија своите ставови и постапки во минатото по прашањето за имиграцијата, во синоќешната демократска дебата во југоисточната држава Флорида.

Гласањето во Флорида и во четири други држави со голем број на делегати е закажано за следниот вторник.

Сенаторот од Вермонт Сандерс се обидува да надодаде на изненадувачка победа во сојузната држава Мичиген и да фати чекор со поранешната државна секретарка.

Клинтон го критикуваше Сандерс за гласање против законот за реформи во имиграцијата од 2007 година, додека тој ја нападна Клинтон за противењето на обидите да им се овозможи на илегалните имигранти да добијат возачки дозволи. Но, и двајцата кандидати изјавија дека нема да депортираат деца или имигранти кои немаат криминално досие.

Тие искажаа различни ставови за имиграцијата од републиканецот Доналд Трамп кој ветува дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико и депортирање на 11 милиони луѓе кои живеат во земјата илегално.

Планот за изградба на ѕидот Клинтон го нарече фантазија, а Сандерс рече дека идејата за депортирање на 11 милиони луѓе е „вулгарна, апсурдна идеја.“

Во Флорида има голема латино-американска популација, и дебата во средата беше емитувана двојазично. Модераторите и публиката поставуваа прашања и на англиски и на шпански.

XS
SM
MD
LG