Линкови за пристапност

Самит ЕУ - Турција посветен на мигрантската криза


Лидерите на Европската унија во Брисел се среќаваат со своите турски колеги да дискутираат за напорите да се забави протокот на мигранти кои се обидуваат да стасаат во Европа, додека илјадници од нив се заглавени на границата помеѓу Грција и Македонија.

Во пресрет на денешната вонредна седница во Брисел европски дипломати изјавија дека нацрт – договорот треба да ја прогласи Балканската мигрантска рута за затворена.

Македонија и земјите на север ги затворија границите, спречувајќи ги мигрантите кои главно доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак да патуваат кон Германија и скандинавските земји.

Приливот на речиси еден милион луѓе од почетокот на 2015 година, кои главно пристигнуваат по морски пат во Грција, ги поттикна европските лидери да бараат начини да ја убедат Турција да ги спречи мигрантите од преземање на опасниот пат, и исто така да прифатат илјадници мигранти кои не ги исполнуваат условите за азил во ЕУ.

Турција веќе е домаќин на повеќе од 2,7 милиони бегалци од Сирија, и исто како европските држави и останатите сириските соседи се бори со товарот во обезбедувањето на услуги за нив.

ЕУ понуди неколку иницијативи за турските власти за да го контролираат движењето на мигранти. ЕУ ќе стави на располагање 3.3 милијарди долари за сириските бегалци, ќе го забрза процесот за членство на Турција во ЕУ, и се прават потези за олеснување на добивањето виза за ЕУ.

НАТО во неделата објави дека ќе распореди дополнителни бродови во Егејското Море да им помогне на Грција и Турција во „справување со трговијата со луѓе и криминалните мрежи кои ја поттикнуваат оваа криза“.

XS
SM
MD
LG