Демократските кандидати за претседателската номинација, Хилари Клинтон и Берни Сандерс, се сретна во сојузната држава Мичиген на уште една од серијата на политички дебати.
Клинтон изјави дека ако биде номинирана, со нетрпение очекува да му се спротивстави на Доналд Трамп, фаворит за републиканска претседателска номинација.
Дебатата се одржа во градот Флинт, каде 100.000 жители се соочуваат со кризата со токсичната вода за пиење и каде федерални, државни и локални функционери се обидуваат со месеци да го решат проблемот.
Клинтон и Сандерс имаа различни гледишта за меѓународната трговија, контрола на оружјето и реформите за финансирање на кампањата. Во сојузната држава Мичиген гласањето е закажано за утре.