Линкови за пристапност

Бајден во посета на Блискиот исток


Потпретседателот на САД Џо Бајден на првата станица од неговата блискоисточна турнеја се сретна со престолонаследникот во Абу Даби.

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе се сретне и со американските војници стационирани во Обединетите Арапски Емирати. Сопругата на Бајден, Џил, ќе присуствува на настан во Обединетите Арапски Емирати за промоција на половата еднаквост.

Утре тие патуваат за Дубаи, пред да заминат за Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе му биде домаќин на Бајден во среда. Во пресрет на средбата Нетанјаху изјави дека посетата е доказ за силните врски меѓу Израел и САД и дека оние што предвидуваа распад на соработката погрешиле.

Бајден, исто така, ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас и јорданскиот крал Абдула Втори.

XS
SM
MD
LG