Претседателот на САД Барак Обама не може да го избере „најлибералниот правник“ да го замени починатиот судија на Врховниот суд Антонин Сколиа, рече потпретседателот Џо Бајден, навестувајќи ја првата трага во стратегијата на Белата куќа по ова прашање. Тој оваа го кажа во интервју за јавно радио на Минесота.
Многу Републиканци во Сенатот велат дека претседателот Обама кој е демократ не треба да номинира никого за да го пополни местото на Сколиа. Тие сметаат дека тоа треба да го стори следниот претседател на САД, кој ќе ја преземе функцијата во јануари 2017 година.
Лидерот на мнозинството во сенатот Мич Меконел веќе соопшти дека нема да свика сослушување за потврда или отфрлање на номинацијата на претседателот Обама.