Линкови за пристапност

Американски воздушни напади во Либија


Американски воени авиони бомбардирале камп за обука на Исламската држава во западниот дел на Либија, во близина на границата со Тунис, соопштија претставници на САД.

Нападот уништил зграда во градот Сабрата,во област во која е познато дека има присуство на екстремисти.

Локалните власти соопштија дека загинале најмалку 40 луѓе. Западни официјални претставници за Њујорк Тајмс изјавија дека повеќе од 30 од жртвите се регрути на Исламската држава. Западен претставник беше цитиран велејќи дека целта на нападите бил „висок оперативец од Тунис“ кој се поврзува со двата големи терористички напади минатата година.

САД потврдија дека извршиле најмалку два други напади во Либија во последниве неколку месеци, вклучувајќи и ликвидација на шефот на Исламската држава во земјата во ноември.

Либија се наоѓа во политички хаос и неизвесност откако диктаторот Муамер Гадафи беше симнат од власт и убиен во 2011-та. Политичкиот вакуум го искористи Исламската држава која ги прошири операциите и присуството во земјата.

XS
SM
MD
LG