Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) со седиште во Париз ја намали прогнозата за светскиот економски раст.
Од организацијата велат дека неизвесноста во врска со мигрантската криза и надворешните закани за безбедноста ја намалиле економската перспектива.
Таа ги повика побогатите држави да ги олабават мерките за штедење и да трошат повеќе пари на инфраструктурни проекти за да се помогне во економското закрепнување.
ОЕЦД очекува растот во еврозоната да биде 1,4 отсто во 2016 година и 1,7 проценти следната година.
Предвидувања за растот се намалени и за најсилната економија во Европа, Германија, на 1,3 отсто, и за најголемата светска економија, американската, на 1,7 процент. Тоа е половина процентен поен помалку од претходно очекуваното.
Организацијата исто така ја намали прогнозата за глобалниот раст, од претходно очекуваните 3,3 отсто на 3 отсто за 2016-та година.