Линкови за пристапност

Давутоглу ги обвинува курдските паравоени групи


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вели дека Сириец поврзан со курдските паравоени групи е одговорен за експлозијата на автомобилот бомба во Анкара, при што загинаа најмалку 28 лица. Во телевизиското обраќање Давутоглу рече дека нападот бил извршен од страна на курдската сепаратистичка група ПКК „заедно со лице уфлено во Турција од Сирија“. Давутоглу кажа дека лицето од Сирија било член на ИПГ, сириска курдска бунтовничка група. Турција ги смета ИПГ и ПКК за терористички организации. Тој, исто така, апелираше за меѓународна поддршка во борбата против ИПГ, притоа мислејќи на САД, кои ја поддржуваат групата во борбата против Исламската држава.

Салех Муслим, командант на сириската курдска група ги негираше турските обвинувањата, велејќи дека неговата организација нема никаква поврзаност со бомбашките напади.

XS
SM
MD
LG