Линкови за пристапност

Иран ќе го зголеми производството на нафта


Претставникот на Иран во ОПЕК изјави дека земјата планира да го зголеми производството на нафта на нивото што го имаше пред воведувањето на меѓународните санкции, кое доведе до остро намалување на извозот.
Коментарите дојдоа пред состанокот во Техеран на министрите за нафта од Иран, Ирак и Венецуела кои ќе разговараат за предлогот за замрзнување на производство, со цел да се спречи падот на цените на нафтата.

Русија и членките на ОПЕК, Саудиска Арабија, Венецуела и Катар во вторникот се согласија да го задржат производството на нафта на нивото од јануари.

Пактот за замрзнување на производство означува промена во саудиската нафтена политика.

XS
SM
MD
LG