Линкови за пристапност

ФБИ со барање до „Епл“


Судија побарал компанијата да обезбеди софтвер за заобиколување на функцијата за автоматско бришење

Извршниот директор на „Епл“, Тим Кук изјави дека владата на САД направила „невиден чекор“ со наредбата компанијата да им помогне на ФБИ да остварат пристап до ајфонот користен од страна на еден од напаѓачите кој во декември во Сан Бернардино, Калифорнија уби 14 лица.

Судијата во вторник издал наредба компанијата да обезбеди софтвер за да се заобиколи функција за автоматско бришење на содржини на ајфонот ако некој стави 10 неточни лозинки. Властите истражуваат дали Сајед Ризван Фарук и неговата сопруга, Ташвин Малик имале терористички врски, но не се во можност да остварат пристап до телефонот на Фарук без лозинка.

XS
SM
MD
LG