Анкетата направена од Универзитетот Квинипек покажува водство на Трамп со 39 отсто поддршка меѓу анкетираните, по што следат сенаторот од Флорида Марко Рубио со 19 отсто, сенаторот од Тексас Тед Круз со 18 проценти поддршка.
Во последното истражување на истиот Универзитет од 5-ти февруари Трамп водеше со 31 проценти. Оттогаш, тој лесно победи во Њу Хемпшир, a двајца републикански кандидати излегоа од трката.
На Демократската страна, анкетата е непроменета. Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон во виртуелно изедначена трка со сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој исто така постигна голема победа во Њу Хемпшир.
Анкетата била спроведена од 10 до15 февруари и во неа биле вклучени 1.342 регистрирани гласачи низ целата земја.