Кендрик Ламар имаше блескава ноќ на доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес, освојувајќи ја наградата за најдобар рап албум и кревајќи ја публиката на нозе со својот драматичен настап.
Ламар освои и три Греми за песни од најновиот албум „To Pimp a Butterfly.“
Ламар и поп-ѕвезда Тејлор Свифт освоија Греми за нејзиниот спот за песната „Лоша крв.“
Свифт го отвори шоуто, а подоцна освои Греми за албум на годината и за најдобар поп вокален албум.
Наградите се значајни како и самите настапи, а оваа година публиката имаше прилика да види претставување на бродвејскиот мјузикл Хамилтон, на Адел, и заеднички проект на Џон Леџенд, Деми Ловато, Тајрес и Лук Брајан, во чест на легендата Лионел Ричи.