Линкови за пристапност

Кој ќе го наследи Скалиа во Врховниот суд на САД?


Два дена по смртта на судијата на Врховниот суд на САД, Антонин Скалиа поставувањето на негов наследник останува нејасно, а темата е посебно интересна за нацијата со големи политички поделби и жестока претседателска кампања.

Од Белата куќа најавуваат дека претседателот Барак Обама започнал прелиминарни разговори за можен кандидат.

Портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц изјави дека Обама ќе се заложи за судија кој разбира дека правдата има влијание на секојдневниот живот на луѓето, и не е само апстрактна теорија.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел изјави дека Сенатот нема да ги ратификува кандидат именуван од страна на Обама, претпочитајќи функцијата да остане непополнета се до изборот на нов претседател, кој ќе ја презеде функцијата во јануари 2017 година.

XS
SM
MD
LG