Линкови за пристапност

Самит на АСЕАН


Демонстрантите бараат човековите права да се најдат на врвот на агендата

Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави лидерите на десетте членки на Асоцијацијата на Југоисточни Нации (АСЕАН) во Ранчо Мираж, Калифорнија.

Говорејќи на отворањето на дводневната средба посветена на економски и безбедносните прашања со земјите на АСЕАН, Обама кажа дека американската влада ја ревидирала надворешната политика кон Азија и Пацификот. „На ваша покана се приклучивме на самитот на АСЕАН и заедно го направивме водечки форум за справување со политичките и безбедносните предизвици.“ кажа Обама.

Во меѓувреме стотици демонстрираа пред почетокот на состанокот. Меѓу нив многумина од Камбоџа, каде што премиерот Хун Сен доминира во политиката повеќе од 30 години. Други, пак, ја критикуваше владата на Лаос и доминација на Виетнам врз Лаос и другите соседи.

XS
SM
MD
LG