Линкови за пристапност

Телефонски разговор Обама - Путин


Од Белата куќа вчера соопштија дека претседателот Обама во саботата имал телефонски разговор со својот руски колега, Владимир Путин, за прекин на непријателствата и овозможување на хуманитарен пристап до областите кои се под опсада во Сирија. Во соопштението се вели дека Обама повикал Русија да игра конструктивна улога и да прекине со воздушни операции против силите на умерена опозиција кои се спротивставуваат на претседателот Башар ал-Асад.

На конференцијата за безбедност во Минхен во неделата американскиот сенатор Џон Мекејн, изјави дека Путин не е заинтересирани да биде партнер на САД во Сирија.

На истата конференција лидерот на сириската опозицијата и поранешен премиер Ријад Хиџаб, ја критикуваше Москва за продолжување на воздушна кампања, во која рече дека гинат сириските цивили.

Големите сили во Минхен се согласија на ограничен прекин на непријателствата до крајот на неделава.

Во неделата Турција гранатираше курдски цели во Сирија, во време кога тие напредуваа против исламистичките бунтовници, недалеку од границата со Турција, изедначувајќи ја курдската паравојска поддржана со САД со забранетата Курдска работничка партија (ПКК) која бара автономна држава.

XS
SM
MD
LG