Линкови за пристапност

НДИ: Жените лидерки во остварување на колективни цели


НДИ: Жените лидерки во остварување на колективни цели
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

НДИ: Жените лидерки во остварување на колективни цели

Националниот демократски институт неодамна во Охрид одржаа обука за жени лидерки во политиката

Целта на дводневниот тренинг во Охрид според организаторот, Националниот демократски институт од Вашингтон бил можност за размена на мислења и искуства на жените од различни политички партии. Сара Беди очекува тоа да резултира во идна заедничка работа на законски одредби и соработка на национално и локално ниво меѓу учесничките на сесијата.

„Веќе слушнавме од учесничките на тренингот дека тие ги ценат состаноците со жените од другите партии, ги слушаат нивните ставови и разговараат за колективни цели. Се надеваме дека во иднина тоа ќе се преслика и во политиката.“

Локалната канцеларија на НДИ во моментот работи со жени кои се лидерки во политичките партии, да се приклучат во политичкиот процес на претстојните парламентарни избори, вели Александра Цветковска од канцеларијата на НДИ во Скопје, но таа истакнува дека учеството на жените во локалните органи на власт не е помалку важно за програмата.

Таа објаснува дека организацијата поддржала апликации на две советнички од две различни партии во еден од поголемите градови во источна Македонија кои започнале работа на заеднички проект.

Актуелните пратенички Рената Дескоска и Нора Алити ја поддржуваат работата на НДИ на локално ниво посебно во случајот со избор на градоначалнички каде не постои квота или законска одредба.

„Може да се работи на поттикнување на жените да се кандидираат за градоначалнички места. Но за жал квотите што се воспоставени за жени во определени органи на власта во Република Македонија понекогаш не се почитуваат“, вели потпретседателката на Собранието на Македонија од редовите на СДСМ, Рената Дескоска.

Нора Алити од ДУИ се надоврзува дека „некои работи не можат да се регулираат со квоти“. Таа го дава примерот со градоначалничките места, но, вели „работата во политичките партии придонесува за подигање на свеста во политичките структури да се кандидираат повеќе жени“.

XS
SM
MD
LG