Линкови за пристапност

Круз победи; Клинтон и Сандерс изедначени


Круз, конзервативен законодавец од Тексас, заврши со 28 проценти од гласовите. Тоа е три ипол поени пред Трамп, кој е лидер на национално ниво.

Сенаторот Тед Круз го порази милијардерот Доналд Трамп на републиканските кокуси во Ајова во понеделникот навечер, додека поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс го завршија демократскиот натпревар практично изедначени.

Круз, конзервативен законодавец од Тексас, заврши со 28 проценти од гласовите. Тоа е три ипол поени пред Трамп, кој е лидер на национално ниво.

Сенаторот од Флорида Марко Рубио заврши со 23 проценти, што го направи лидер меѓу републиканските кандидати од естаблишментот.

На демократска страна, трката изгледаше премногу тесна за да се прогласи победник. Со 94 проценти од гласовите избројани Клинтон поведе пред Сандерс со само две десетини од процентен поен.

Резултатите дадоа прв поглед на расположението меѓу гласачите, по една година жестока кампања и бесконечни шпекулации.

Откако резултатите беа објавени, секој од кандидатите се обиде исходот да го сврти во своја корист.

Круз, кој излезе во ноќта како јасен победник, звучеше оптимистично кога се обрати со победничкиот говор.

Доналд Трамп се појави посмирено, дури и кога ги уверуваше поддржувачите дека е „среќан со исходот“.

Марко Рубио имаше свои причини да биде оптимист иако излезе трет. Тој кажа дека Ајова покажала дека Рубио има шанса и дека е испратена голема порака.

Во говор по кокусите во Ајова, клинтон изгледаше како да признава дека претстои тешка битка со Сандерс, самопрогласениот демократски социјалист.

Сандерс, пак. Звучеше триумфирачки, додека со стисната тупаница во воздух зборуваше во главниот град на Ајова.

XS
SM
MD
LG