Американските берзи се надеваат дека ќе се опорават на денот по големиот пад откако федералните резерви објавија дека нема да ја зголемат главната каматна стапка. Дау Џонс С&П 500 и индексот Насдак на тргувањето вчера изгубија меѓу еден и два проценти од вредноста.
Централната банка на САД соопшти дека светските берзи биле турбулентни по одлуката за кревање на каматните стапки во декември од рекордно ниското ниво, паѓањето на цените на нафтата и нискиот растеж во Кина, втора по големина економија во светот.
Федерални резерви не дадоа знаци дали кревање на клучната каматна стапка ќе уследи на следната средба закажана во март.