Линкови за пристапност

Трамп не учествува на вечерашната дебата


.
.

Доналд Трамп, водечкиот кандидат за републиканската претседателската номинација на изборите во САД вели дека ќе ја бојкотира последната дебата пред првото гласање на прелиминарните избори следната недела во сојузната држава Ајова.

Трамп рече дека не очекувал дека ќе биде третиран праведно од Фокс Њуз, и посебно од страна на Меган Кели која и на претходната дебата на овој организатор беше модератор. Таа, во август му постави прашање што на Трамп не му се допадна – да ги објасни негативните коментари за жените.

Трамп овој пат направи обид Кели да биде заменета со друг модератор, но Фокс не се согласи, ветувајќи фер третман – доколку се појави.

XS
SM
MD
LG