Линкови за пристапност

Лавров: Русија не побарала повлекување на Асад


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во вторникот рече дека Русија не побарала повлекување од сирискиот претседател Башар ал Асад и не му понудила политички азил.

Тој ова го изјави на прес-конференција во време кога Обединетите нации се подготвуваат за нова рунда на мировни разговори за Сирија кои ќе започнат во петокот во Женева. Целта е да се стави крај на граѓанската војна во земјата и да се спроведе политичка транзиција, која вклучува нов устав и избори.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно месецов, во интервју навести дека заминувањето на Асад нема да биде проблем.

Лавров реле дека четири месечната воздушната кампања на Русија за поддршка на Асад помогнала „да се сменат силите на теренот“" во Сирија, каде што владата речиси пет години се бори бунтовниците а од пред некој период и со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG