Линкови за пристапност

Јавен собир на демократските кандидати во Ајова


Тројцата демократски кандидати кои се во трката претседателска номинација синоќа го имаа последното големо претставување пред гласачите во Ајова, каде што следната недела започнува процесот на прелиминарните избори.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон на јавниот собир на кој домаќин беше Си-Ен-Ен кажа дека таа е „докажан борец“ и го истакна нејзиното искуство како член на кабинетот на претседателот Барак Обама. Таа рече дека воената сила треба да се користи како последно средство, и наместо тоа да се промовира користењето на дипломатијата, иако тоа е „бавно“ и „здодевно“.

Клинтон, исто така целеше на коментарите на републиканскиот фаворит Доналд Трамп за муслиманите нарекувајќи ги навредувачки, со презир и спротивно на американските вредности. Таа рече дека заштитата на земјата значи да се осигури дека муслиманите „се` со нас.“

Клинтон беше во водство меѓу демократите, но во последните неколку недели сенаторот од Вермонт Берни Сандерс во анкетите води мртва трка со неа, дури и во Ајова.

Сандерс кажа дека искуството на Клинтон е важно кога станува збор да се биде претседател, но треба да се спомне дека ставовите и расудувањето се исто така важни, а тој има искуство и просудување да се справи со многу различни прашања.

Тој рече дека неговата кампања предизвика ентузијазам и резонира кај Американците кои разбрале дека актуелниот политички систем не функционира.

Во анкетите далеку заостанува поранешниот гувернер на Мериленд Мартин О'Мали, иако тој не покажува знаци дека неговиот ентузијазам за кандидатурата се намалува. Тој на јавниот собир кажа дека е тука „да победи.“

XS
SM
MD
LG