Линкови за пристапност

Русија го зголемува влијанието во Србија


Директорката на Центарот за евроатлантски студии од Белград вели дека во државата се спроведува пропаганда на Путин.

Јелена Милиќ, директорка на белградскиот Центар за евроатлантски студии, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка, вели дека е видливо засилено присуството на руски медиуми и руски невладини и културни организации во Србија.

„Рускиот културен центар до пред една година речиси да немаше функционална веб страница. Сега имаат модерен сајт каде што можете да видите дека постои тренд на зголемување на бројот на курсеви за учење на руски јазик во Србија. Се формираат асоцијации за српско-руско пријателство. Во Војводина има општини каде пет проценти од населението се Руси, а се формираат и руски партии. Не знаеме како се регистрирале и дали воопшто се регистрирани, и уште помалку како се финансираат.“

„Овие нови организации спроведуваат пропаганда на Путин, која станува се` поголема и поагресивна и која добива се` поголем простор во српската јавност“, вели Милиќ. Таа истакнува нови податоци на истражувачката организација Ипсос: 72 отсто од српските граѓани имаат позитивно мислење за Русија и за руските институции, додека само 25 отсто од граѓаните имаат позитивно мислење за институциите на Европската унија, додека НАТО го поддржуваат само седум проценти.

За формирање на таквото јавното мислење придонесуваат и двосмислените изјави на политичките лидери на Србија кои соработката со Запад често ја објаснуваат како „нужно зло“, додава Милиќ.

XS
SM
MD
LG