Линкови за пристапност

Американската морнарица објави детали од приведувањето на морнарите


Тие пловеле низ Персискиот залив од Кувајт кон Бахраин кога американската контрола на движење го загубила контактот со нив

Американската армија го објави својот прв официјален извештај за 15-часовното заложништво на 10 американски морнари чијшто брод залута во водите на Иран во Персискиот залив минатата недела.

Во соопштението на американската централна команда се вели дека два брода на морнарицата требало да се сретнат со брод на американската крајбрежна стража во меѓународни води за дотур на гориво но, отстапиле од планираниот курс.

„Истрагата на командата ќе утврди која е причината за промена на курсот и зошто американските бродови на морнарицата навлегле во ирански води во близина на островот Фарси“ се вели во соопштението.

Морнарите пловеле низ Персискиот залив од Кувајт кон Бахраин кога американската контрола на движење го изгубила контактот со нив.

Еден од бродовите „имал индикација за дефект во моторот“ и двата брода запреле. Запирањето се случило во водите на Иран и не е познато дали морнарите во моментот знаеле точно каде се наоѓаат. Додека бродовите биле запрени и членови на екипажот се обидувале да го согледаат механичкиот проблем, ирански бродови им се приближиле“ стои во соопштението.

Морнарите биле приведени.

„Со вперено оружје, бродовите на американската морнарица биле придружувани до мало пристаниште на островот Фарси кадешто американските морнари биле истоварени и заробени 15 часа. Во овој момент не постојат индикации дека морнарите биле физички малтретирани за време на нивното заробеништво“ се вели во соопштението.

Американскиот државен секретар Џон Кери кој разговараше со својот ирански колега неколку пати во врска со инцидентот, вели дека брзото ослободување на морнарите е успех за дипломатијата.

XS
SM
MD
LG