Портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби, на денешниот брифинг за новинарите на барање на Гласот на Америка да даде коментар на политичките настани во Македонија, рече:
„Најновиот развој е неодвоив дел од договорот од Пржино. Ние продолжуваме да ги поддржуваме напорите на Македонија за продлабочување на евро-атлантската интеграција. Го поддржуваме договорот од Пржино како клучен следен чекор кон таа цел. И ние работиме со Европската Унија да им помогнеме на македонските лидери да надоградат на до сега направениот напредок во имплементацијата. Оставката на премиерот беше дел од тој договор.“