Линкови за пристапност

Терористички прирачник на Исламската држава


Екстремистите од Исламската држава ги советуваат нивните поддржувачи и регрути на Запад да ги избричат своите бради и да се преправаат дека се христијани за да не бидат откриени од страна на разузнавачките служби во нивните заговори да извршат т.н. „волк самотник“ терористички напад.

На 58 страници се објаснува што треба и што не треба да прават потенцијалните терористи. Интернет прирачникот бил адаптиран од Ал Каеда, ривал на Исламска држава. Групата им вели на своите поддржувачи да ги криптираат пораките, им сугерираат кои апликации за мобилни телефони се безбедни и за тоа како да се вклопат со толпата на Запад. Тоа вклучува и совет за користење лосион после бричење.

Прикажување на крст и распетието е добар начин за да се избегне сомневање, сугерира Исламска држава, но не во секој случај. „Дозволено е ... носење ланче со христијански крст“ во вели во упатството, но ги предупредува да го прескокнат трикот „ако имаат муслиманско име на пасошот“ бидејќи тоа „може да изгледа чудно.“

Ваквите совети се занимливи за аналитичарите кои го прочитате упатството составено од 12 глави наловено како „Безбедност и безбедносни упатства за волците самотници и малите ќелии.“ Сепак, текстот ја покажува решеноста на исламистите да заговораат или инспирираат напади како што беше терористичкиот напад во Париз во кој загинаа 130 лица, масакрот во Сан Бернардино, Калифорнија кога маж и жена застрелаа14 лица.

„Ви го презентираме овој скромен труд за „Волк самотник и мали ќелии“ наменет за браќата кои сакаат да донесат победа ...“, стои во воведот на упатството, истакнувајќи дека тоа е адаптација од серија од 30 предавања од Абу Кабала Ал Адам во врска безбедноста и сигурноста во спроведувањето на џихадот.

Абу Кабала Ал Адам бил на висока позиција во мрежата на Ал-Каида и служел како разузнавачки директор на терористичките групи се додека тој не бил убиен во напад на американско беспилотно летало во 2013 година во племенските области на Пакистан.

Во пропагандата на Исламската држава стои: „Ако можете да избегнете да имате брада, да не носите долга туника (камиз – шалвари), користење мисвак (гранче за чистење заби (како што е препорачано од страна на пророкот Мухамед), да немате зикр (книга на благочестиви фрази и молитви) со вас, толку подобро“, советува прирачникот.

„Не користете безалкохолен парфем коков што користат муслиманите. Наместо тоа користите алкохолни парфеми како мнозинството. И ако сте маж, користете парфем за мажи (колонска вода или лосион по бричење.)“

Водичот ги повика милитантите да работат само едни со други, и цврсто да ги ограничат информациите за претстојните напади. Тие исто така препорачуваат да се избегнуваат џамии и исламски собири за да се избегне привлекување на внимание или да се предизвика интерес.

По нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, западните разузнавачки агенции ги следат џамиите, особено оние со радикална репутација. Активните џихадистички групи веќе подолго време препорачуваат приврзаниците да се држат настрана од нив.

Во поново време се смета дека џихадистите на Запад прибегнале кон проповедања во неофицијални џамии. По нападите во Париз и заканите за безбедноста во Белгија, Италија и Германија разузнавачките служби и политичарите од Европа го свртеа вниманието кон стотици неофицијални импровизирани џамии кои постојат во домовите во мигрантските области.

Политичарите во неколку земји на Европската Унија вклучувајќи ги Франција и Италија каде што се проценува дека има околу 800 импровизирани џамии ги истражуваат правните начини како тие да бидат затворени.

По нападите во Париз разузнавачките служби и полициските сили бараа поголеми овластувања и персонал, полабави правила за собирање на податоци и олеснување на правилата за претрес на домови и рации. Лидерите на Исламската држава се свесни за тоа, и тие ги предупредуваат поддржувачите на Запад да се држат резервирано особено кога станува збор за објавување на пораки и постови на социјалните медиуми како Фејсбук и Твитер.

Минатиот месец на пример на Твитер профилот под името Мустафа Ал - Ираки кој ја поддржува Исламската држава понуди совети за новите регрути:

Правило број 1: Никогаш не пишете нешто како „убијте ги сите каури (ѓаури)“ или „дозволено е да се убие каур“ (навредлив арапски термин за немуслиманите). Дури и не го користете зборот „убие“ ако живете на Запад.“

Правило број 2: Никогаш немојте да зборувате за хиџра (муслиманскиот аџилак во Мека). Ако планирате да го направите тоа или знаете како да го направите, не дозволувајте дури вашата лева рака да знае за тоа.

Правило број 3: ако живеете во земја која е во директен конфликт со Исламската држава не ги користете социјалните медиуми да зборувате за Исламската држава, освен ако не сте презеле мерки на претпазливост.

Правило број 4: Никогаш немој да пропагирате (ширите вести за напади на Исламската држава). Не покажувајте дека сте среќни за тоа, ако не сте презеле мерки на претпазливост. Држете се нормално.

Експертите за безбедност се вознемирени бидејќи стотици ветерани од граѓанската војна во Сирија се вратија во Европа, а стотици или дури илјадници може да се вратат во блиска иднина.

Разузнавачите велат дека најголема загриженост е можноста за повеќекратни, симултани напади во Европа годинава – „Европски 9/11“, како што тоа го нарекува поранешниот француски аналитичар Ив Ротеноне.

„Знам дека во европските главни градови, особено во Лондон, специјализирани институции работат на оваа теорија,“ кажа Ротеноне за Асошиетед прес. „Ако умешноста на напаѓачите се подобри, ние ќе имаме голем проблем. Можеби ќе кажеме дека 2015-та година беше само проба.“

XS
SM
MD
LG