Линкови за пристапност

Груевски „прелета“ низ Вашингтон


Потпретседателот Џо Бајден вчера се сретнал со македонскиот премиер Никола Груевски. За тоа што е разговарано на средбата, поголемиот дел од јавноста, вклучително и медиумите, треба да се задоволат со интерпретацијата на самиот Груевски.

Од американски аспект – одгласот е незначителен. Во соопштение на Белата куќа се вели дека „двајцата се согласиле за важноста од продолжување на спроведувањето на договорот од Пржино, и преземањето неопходни мерки за да се обезбеди одржувањето на веродостојни избори. На средбата потпретседателот Бајден ја подвлекол американската поддршка за евроатланската интеграција на Македонија“.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби на нашето прашање одговори дека немал ништо конкретно да каже за евентуална средба на потсекретарката за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд со македонскиот премиер. Но, висок претставник на Стејт департментот приватно потврди дека Нуланд ќе била дел од средбата Бајден – Груевски.

XS
SM
MD
LG