Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија вели дека 20 годишниот припадник на организацијата на централниот плоштад во градот Рака смртно ја застрелал мајка си пред стотици луѓе.
Од опсерваторијата велат дека жената била на 40 годишна возраст и се обидела да го натера синот да ја напушти Исламската држава и да избегаат заедно од градот.
Таа била уапсена откако тој ја информирал групата за нејзините коментари.
Градот Рака со околу 400.000 луѓе де факто стана главен град на Исламската држава. Милитантите во областа бараат од сите мажи и момчиња постари од 14 години да се регистрираат за служба во локалната „исламската полиција.“
Исламската држава која контролира области во Сирија и Ирак егзекутираше стотици лица кои се обвинети за соработка со непријателот или кршење на конзервативното толкување на Исламот.