Линкови за пристапност

Кери: Можно скоро спроведувањето на договорот со Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери кажа дека спроведувањето на нуклеарен договор со Иран би можело да започне за само „неколку дена“ ако „се оди добро.“

Кери вели дека иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф го уверил дека Иран има за цел да ги заврши своите обврски „што е можно побрзо.“

Кери ги отфрли обвинувањата дека САД не посветуваат доволно внимание на Северна Кореја, што довело до тестирањето на нуклеарна бомба неделава. Тој вели дека Северна Кореја е прва на дневниот ред на преговорите со Кина, сојузник на Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG