Линкови за пристапност

Реакции по нуклеарниот тест на Пјонгјанг


Јужна Кореја соопшти дека ќе продолжи со емитувањето на пропагандна програма во Северна Кореја како одговор на нуклеарната проба изведена од Пјонгјанг претходно неделава.

Одлуката на Сеул доаѓа во време кога претседателот Барак Обама вети дека ќе работи заедно со лидерите на Јужна Кореја и Јапонија да истапи со заеднички став по тестот, за кој Пјонјанг тврди дека е на хидрогенска бомба.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе имаше обраќање пред пратениците во врска со Северна Кореја.

САД испратија авиони од базата во Окинава за да соберат разузнавачки податоци во врска со тестот, иако САД и другите светски сили изразија скептицизам во врска со тврдењата на Пјонгјанг.

Демонстрантите во Сеул носеа транспаренти со осуда на Северна Кореја, и гореа слики на севернокорејскиот комунистички лидер Ким Јонг Ун.

XS
SM
MD
LG