Линкови за пристапност

Исламската држава убила новинарка


Рукиа Хасан известувала од територијата под контрола на ИСИС за нивните злодела

Групата Исламска држава за прв пат погубила новинарка, велат сириски активисти. Таа известувала од територија на ИД како независна новинарка.

Рукиа Хасан, пишувала за секојдневниот живот во Рака, упориште на ИД во Сирија, што е честа цел на воздушните напади на коалицијата против екстремистичката група. Нејзините чести постирања на Фејсбук се појавувале под псевдонимот Нисан Ибрахим.

Точниот датум за погубувањето на Хасан не е познат, но, таа нагло престанала со објавување вести на социјалните медиуми во јули 2015.

Веста за нејзината смрт е потврдена оваа недела од страна на група активисти која известува од Сирија за тамошното кршењето на човековите права.

XS
SM
MD
LG