Линкови за пристапност

Алкохолизмот и рецесијата


Студии покажале дека во рецесија помалку се пиело за време на работа, но повеќе после работа и дека средовечните повеќе пиеле од помладите

Општо познато е дека отпуштањето од работа може да доведе до зголемено конзумирање на алкохол. Нова студија покажува дека за време на т.н. Голема рецесија во САД од 2007-2009 година дури и оние кои ја задржале работата пиеле повеќе.

Во списанието „Психологија на зависноста“, истражувачи од Институтот за истражување на зависност од Универзитетот Бафало, покажаа дека базирано на две истражувања кои вклучиле повеќе од 5.000 луѓе во работен однос, пиењето алкохол за време на работното време било намалено, но пиењето алкохол после работа било зголемено.

„Дури и кај вработените, економските кризи можат да создадат стрес поврзан со работата и финансиите што може да доведе до помало конзумирање на алкохол за време на работното време, но прекумерно конзумирање после работа“ вели авторот на студијата Мајкл Фрон, научник во Институтот за истражување на зависност.

Фрон вели дека намаленото конзумирање алкохол за време на работниот ден најверојатно се должи на „неизвесноста на зачувување на работното место“.

Истражувачите исто така откриле дека средовечните работници имаат тенденција да пијат повеќе од своите помлади колеги, кои не се покажало дека повеќе пијат за време на економска криза.

Фрон вели дека поголемата семејна и финансиска одговорност на средовечните работници можно е да го зголемуваат стресот и потребата од конзумирање алкохол.

Претераното пиење алкохол надвор од работната средина исто така може да влијае на работата, вели Фрон.

„Прекумерното пиење алкохол може да доведе до отсуство од работа или доаѓање на работа со мамурлак, што може да влијае на продуктивноста“ вели Фрон. Исто така, зголеменото конзумирање алкохол после работа можно е да доведе до проблеми во семејството, што може да влијае на ефикасноста на работа.“

XS
SM
MD
LG