Линкови за пристапност

Годишнина од терористичкиот напад на Чарли Ебдо


Францускиот сатиричен магазин Чарли Ебдо ја одбележа првата годишнина од смртоносниот напад врз канцелариите во Париз, со карактеристично провокативна насловна страна.


Новиот број на списанието прикажува цртеж на Господ кој носи автоматска пушка Калашников со текст „Една година подоцна: убиецот се` уште на слобода“


Ватикан ја критикуваше насловната страна велејќи дека користењето на Господ за правдање насилство "е вистинско богохулство." Ватикан ги објави своите коментари во свој весник Опсерваторе Романо.

XS
SM
MD
LG