Линкови за пристапност

Шенген зоната во опасност?


Германија предупреди дека Шенген зоната е во „опасност“ по воведувањето на нови гранични контроли од страна на Шведска и Данска со цел да го запрат приливот на мигранти во нивните земји.

Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер рече дека „слободата на движење е важен принцип“ и еден од најголемите достигнувања на Унија.

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен рече дека мерките на другите скандинавски земји може да доведат до повеќе баратели на азил во неговата земја.

Шведска наметна нови забрани велејќи дека лицата кои влегуваат од Данска во земјата ќе мора да покажат документ за идентификација со фотографија.

Мерката на Шведска е обид да се запре протокот на непријавени мигранти во земјата позната по својот дарежлив социјален систем.

XS
SM
MD
LG