Линкови за пристапност

Ретроспектива: Технологијата во 2015-та


Роботиката, автоматизацијата и поголемата употреба на електрониката ја обележаа изминатава година.

Напредокот во компјутерскиот хардвер и софтвер, механичките уреди, сензорите и вештачката интелигенција го приближија светот до уште еден чекор поблиску до роботската иднина.

Електричните автомобили беа голем хит. Повеќето големи авто-производители покажаа модели со подолга километража, додека други се свртеа кон автомобили на водороден погон.

Возилата без возач исто така се приближија до секојдневната употреба. Камион направен од Мерцедес ја покажа својата способност, безбедно се движи на автопат.

Печатењето во 3Д технологија се појави како поевтин начин на производство на речиси се и сешто - од колачи до автомобили. Дизајнерот Бред Балцер вели:

„Шасијата испечатена во 3Д чини 102 фунти, а ја има истата цврстина и заштита на безбедноста како онаа направени од челик.“

Други истражувачи велат дека куќите испечатени во 3Д технологија наскоро може да помогнат во решавањето на проблемот на глобалниот недостаток на домови.

Роботите исто така добија поголемо значење. Од хуманоидни рецепционери и шанкери до ексоскелети кои им помагаат на парализираните луѓе да се движат повторно. Иноваторот Ву Ченг Хуа за достигнувањата во годината што изминува вели:

„Од нашиот истражувачки процес научивме дека пациентите чии повреди се подолу од градната р`скавица се во можност да го користат нашиот робот да застанат, одат и да седнат.“

Протетиката контролирана од умот ветува голема помош за ампутираните делови од телото. Во меѓувреме, новите софтвери наоѓаат се` поголема практична употреба кај паметните телефони.

Виртуелната реалност исто така направи голема сензација во индустријата за видео игри со софистицираните слушалки, кои водат во различни светови.

Исто така вредно да се спомне е дека во годината што изминува Мајкрософт ја претстави најновата верзија на најпопуларниот оперативен систем, „Виндоус 10“, и за прв пат го направи достапен за бесплатно симнување.

XS
SM
MD
LG