Линкови за пристапност

Наплив на регистрирање на беспилотни летала во САД


Американската сојузна управа за авијација (ФАА) времено ја суспендира Интернет регистрацијата за да ја подготви веб страницата да го издржи очекуваниот наплив на пријавувањето на беспилотни летала.

Од Управата соопштија дека до вторникот биле завршени повеќе од 45.000 регистрации, а некои од корисниците пријавиле проблеми со веб страницата. Од администрацијата велат дека се работи на надминување на проблемите во пресрет на зголемената побарувачка за Божиќ.

Се проценува дека за време на празничната сезона ќе бидат продадени околу 400.000 беспилотни летала. Во новата регулатива стои дека сите авиони со тежина од 250 грама до 25 килограми треба да бидат регистрирани. Се очекува регистрацијата да ги направи корисници посвесни за правилата за безбедно летање и дека ќе им овозможи на властите полесно да го идентификуваат беспилотното летало во случај на инцидент.

Сопствениците кои имаат беспилотни летала од пред 21-ви декември годинава имаат рок за регистрација до 19 февруари 2016-та година. Сопствениците кои ги купиле направите по 21 декември мора да ги регистрираат пред првиот лет.

Регистрација за сопствениците на приватни и комерцијални беспилотни летала чини пет долари. Еден регистарски број кој е достапен на Интернет може да покрие повеќе летала во сопственост на една личност или правно лице и има тригодишна важност.

Старосната граница на лицето кое може да изврши регистрација е 13 години. Помладите сопствениците ќе мора да го регистрираат своето летало со помош родителите.

XS
SM
MD
LG