Линкови за пристапност

Во САД се троши повеќе струја за празнични светилки отколку во други држави


Некои тврдат дека сезонските украсни светилки трошат 6,6 милијарди киловат часови електрична енергија, што е повеќе од годишната потрошувачка на струја на Ел Салвадор, Етиопија , Танзанија, Непал или Камбоџа.

За да ги одбележат празниците, голем дел од американските домаќинства ги украсуваат домовите со разнобојни светилки, но неодамна објавен извештај вели дека за нивно напојување се користи повеќе енергија отколку што некои земји трошат во текот на годината.

Во блог на Центарот за глобален развој се вели дека сезонските украсни светилки трошат 6,6 милијарди киловат часови електрична енергија, што е повеќе од националната потрошувачка на електрична енергија на Ел Салвадор, Етиопија, Танзанија, Непал или Камбоџа.

Празничните светилки изнесуваат само 0,2 проценти од вкупната потрошувачка во САД, а сепак тоа е доволно за напојување на 14 милиони фрижидери, велат од центарот.

Во написот стои дека за своите истражувања Центарот за глобален развој користел податоци од Одделот за енергетика на САД и Светската банка од 2008-ма година.

Исто така се наведува дека осветлувањето сочинува 14 проценти од вкупната потрошувачката на домаќинствата во САД.

XS
SM
MD
LG