Линкови за пристапност

Русија издаде меѓународна потерница за Ходорковски


Властите го обвинуваат поранешниот директор на компанијата Јукос оил за нарачано убиство

Руски суд издаде меѓународна потерница за Михаил Ходорковски, поранешниот директор на компанијата Јукос оил и остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Руската полиција го обвинува Ходорковски, кој сега живее во Лондон дека го нарачал убиството на градоначалникот на сибирски град познат по производството на нафта.

Бизнисменот Ходорковски ги негира обвинувањата и преку социјалните медиуми кажа дека наводите се одговор на неговите продемократски заложби.

Тој беше уапсен во 2003-та година и беше осуден за даночно затајување и измама. Ходорковски тврди дека обвиненијата што резултираа со 10 години затвор биле мотивирани од неговата финансиска поддршка за опозицијата.

Од ослободување во 2013 година, Ходорковски живее во егзил и го основаше продемократското движења Отворена Русија, кое се залага за политички реформи.

Ходорковски во средата беше обвинет за платена нарачка за убиството на Владимир Петуков, градоначалник на градот Нефтејуганск. Во вторникот, руската полиција спроведе рации во неколку локации во Москва поврзани со Отворена Русија.

XS
SM
MD
LG