Линкови за пристапност

Филм: Војна на ѕвездите - урива рекорди


Најновиот филм „Војна на ѕвездите“ постави рекорд на отворање викендов во кино салите во САД и Канада. „Војна на ѕвездите: силата се буди“ заработи 238 милион долари од продажба на билетите по промоцијата во четвртокот. Светската продажбата на билети, пак, донесе 517 милиони долари. Бројките го надминаа претходниот рекорд поставен од четвртиот дел од „Паркот Јура“, кој на отворањето во Северна Америка на почетокот на годинава заработи 208 милиони долари. Интергалактичката приказна за доброто и злото е седма епизода во епскиот научно - фантастичен филм создаден од страна на Џорџ Лукас во 1977 година. Дизни ја купи продукциската куќа Лукас филм за 4 милијарди долари во 2012 година.

XS
SM
MD
LG