Линкови за пристапност

Жртви во руски воздушен напад во Сирија


Според спасувачките екипи и една од групите за мониторинг во наводен руски воздушни напад во Идлиб, град во северозападниот дел на Сирија кој е по контрола на бунтовниците во неделата загинале најмалку 36 лица.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија вели дека повеќето од убиените биле бунтовнички борци кои се борат против сирискиот претседател Башар ал-Асад. Но спасувачките екипи велат дека шест напади биле изведени над пазар во градот, неколку владини згради и станбена населба. Во нападите се повредени повеќе од 150 лица, при што некои од повредените се транспортирани преку границата во болниците Турција.

XS
SM
MD
LG