Линкови за пристапност

Разговори за Сирија


Во Њујорк светските сили на трета рунда разговори за предложената политичка транзиција во Сирија, неколку недели пред да започнат разговори меѓу сириската влада и опозицијата со посредство на ОН.

Од Стејт департментот изјавија дека земјите поканети за разговорите се слични на оние кои учествуваа во претходните рунди во Виена, вклучувајќи ги Русија и Иран, кои се сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Целта е подобро да дефинираме она што ќе биде вклучено во политичката транзиција и како треба да изгледа процесот како и да ставиме акцент на идејата за прекин на огнот“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

XS
SM
MD
LG