Линкови за пристапност

Покачени главните каматните стапки во САД


Глобалните инвеститори ја поздрави одлуката на Централната банка на САД да ги зголеми каматните стапки, за прв пат по глобалната финансиска криза во 2008 година. Во долго очекуваната потег, Федералните резерви денеска ја покачија главната каматна стапка за една четвртина од процент, прво помрднување од близу нулата за седум години.

Претседателката на Федералните резерви Џенет Јелен рече дека креаторите на политиката се одлучија на таков потег затоа што американската економија расте "со умерено темпо."

Таа рече дека идните покачувања ќе бидат "постепени".

Берзите во Европа и Азија реагираа позитивно, веднаш по отворањето. Доларот исто така направи мала добивка во однос на повеќето други големи валути.

XS
SM
MD
LG