Линкови за пристапност

Картер во посета на Северен Ирак


Американскиот секретар за одбрана Аш Картер пристигна во северен Ирак на разговори со курдските лидери за проширување на борбата против Исламска држава.

На аеродромот во Ербил, Картер беше пречекан од Кубад Талабани, вицепремиер на автономниот курдски регион во Ирак. Подоцна, тој ќе се сретне со курдскиот претседател Масуд Барзани и со американските сили во регионот.

Ирачките Курди се најважните копнените сили во коалицијата предводена од САД во борбата против Исламската држава, која претрпе серија воени порази, но се уште контролира големи делови од Ирак и Сирија.

XS
SM
MD
LG