Домаќинот, СНН го ограничи учеството на дебатата врз основа на анкетите, но сепак на настанот учествуваат девет кандидати. Аналитичарката Лара Браун вели дека Буш го прифатил фактот дека нема да биде кандидат и сака да го симне Трамп од трката за доброто на партијата, но не успеал во тоа. Историчарката Кетлин Хол Џејмисон пак вели дека Буш имал подобри перформанси од претходните четири републикански дебати. За време на дебатата имаше повеќе случаи кога кандидати се прекинува едни со други. Републиканците ќе расправаат повторно на 14 јануари, на помалку од три недели пред првиот тест, прелиминарните избори во Ајова.
Републиканските кандидати кои се борат за номинацијата за претседателската трка во САД, синоќа се појавија во најнова дебата.