Линкови за пристапност

Засилување на борбата против Исламската држава


„Треба да се идентификуваат, и на секој можен начин да се забрза поразот на ИСИЛ“, изјави Картер. Тој зборуваше со новинарите пред да замине за Турција, на разговори за зголемување на помошта во кампањата против милитантите.

„Тие се домаќини на воздухопловна база Инџирлик, што е исклучително важен придонес, но има уште многу да се направи покрај тоа да се биде домаќин на нашите и другите коалициони сили. Сакаме турските сили да се приклучат соодветно во воздушната и копнената кампања.“

Картер изјави дека американските команданти работат на нови тактики и стратегии, и на засилување на коалиционите напори.

Обама вчера изјави дека е „убеден“ дека американската коалиција ќе надвладее, додавајќи дека милитантната група губи територија, а нејзините лидери немаат место каде да се скријат.

XS
SM
MD
LG