Линкови за пристапност

Кампања за помош на семејствата на жртвите од масакрот во Калифорнија


Од муслиманската заедница во САД велат дека целта да и` покаже на јавноста дека Американците - муслимани се активни учесници во општество

На кампањата за собирање средства за помош на семејствата на жртвите од минатонеделниот масакр во Сан Бернардино од Американци – муслимани се собрани 175.000 долари.

Фазал Куази, невролог кој работи во приватна непрофитна организација во Сан Бернардино, започна локална кампања на интернет, наречена „Обединети Муслимани за Сан Бернардино“ на веб страницата – Лаунч Гуд, што е специјално наменета за помагање на иницијативи на Mуслимани во САД и во странство.

Како што наближувал крајот на кампањата, Куази и неговиот пријател ја прошириле на национално ниво и донациите на веб страницата Лаунч Гуд - почнале драстично да се зголемуваат, со голема помош од Американско-муслиманските групи за поддршка.

Директорот на кампањата за собирање средства Тарек Ел-Месиди, вели дека друга цел на оваа кампања е да и` се покаже на јавноста дека Американците - муслимани се активни учесници во американското општество.

XS
SM
MD
LG