Линкови за пристапност

Извештај укажува на „криза“ во Тајната служба


Нов конгресен извештај ја опиша американската Тајна служба како „агенција во криза“ по години на кратења во буџетот, „системски“ малверзации, намалување на работната сила и низок морал меѓу вработените.

Извештајот издаден од страна на Конгресната комисија за надзор и реформи на Владата е резултат на долга истрага во агенцијата задолжена за заштита на претседателот, потпретседателот и на нивните семејства, и доаѓа во време по серија на скандали и безбедносни грешки.

Во извештајот е наведен инцидентот во октомври 2014 година кога на вооружен стражар, со претходно криминално досие му било дозволено да се качи во лифт со претседателот Обама, за време на посетата на Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта. Еден месец порано, лице претставувајќи се како член на Конгресот ја помина контролата на тајната служба и отиде зад сцената за да се сретне со Обама на доделувањето награди организирани од страна на афроамериканскиот кокус во Конгресот.

Во 2013 година, четири лица ловеле риби во езерото кое се наоѓа во дворот на потпретседател Џо Бајден во Делавер, и не биле откриени се додека соседите не ја предупредиле Тајната служба.

Една од најлошите нарушувањата на безбедноста се случи во 2014 година, кога воен ветеран со нарушено ментално здравје ја прескокна оградата на Белата куќа помина низ тревникот и влезе во Белата куќа имајќи нож во џебот.

XS
SM
MD
LG