Линкови за пристапност

Обама и Путин разговарале за Сирија


На маргините на климатскиот самит, Обама го повикал рускиот лидер да помогне во намалување на тензиите со Турција.

Американскиот претседател Барак Обама изразил жалење за турското уривање на руски борбен авион до рускиот претседател Владимир Путин и го повикал лидерот на Кремљ за намалување на тензиите со Турција во врска со инцидентот.

Двајцата лидери имале 30 минутен состанок на маргините на Самитот за климатски промени на ОН, во близина на Париз. Турција соопшти дека го соборила авионот откако го нарушил нејзиниот воздушен простор. Пилотот загинал, а член на екипажот бил спасен. Путин одговори со наметнување на економски санкции против Анкара.

Обама и Путин разговарале за детали околу војната во Сирија, Вашингтон и Москва, се согласуваат за потребата од политичко решение на четири и пол годишниот конфликт меѓу бунтовничките групи кои се обидуваат да го соборат претседателот Башар ал Асад и силите лојални на неговата влада.

Белата куќа соопшти дека лидерите „дискутирале за важноста за постигнување напредок“ во разговорите од Виена за прекин на огнот и политичко решение, но Обама и Путин не се согласуваат за судбината на Асад. Обама му рекол на Путин дека Асад мора да ја напушти власта како дел од транзицијата, но Москва ги продолжува воздушните напади врз бунтовниците кои се борат против Асад.

Вашингтон соопшти дека Обама ја нагласил потребата Русија да ги фокусира нападите во Сирија врз цели на Исламската држава, а не кон опозициските групи.

Обама, исто така му кажал на рускиот лидер за важноста од ставањето крај на борбите меѓу проруските сепаратисти и украинските сили во источниот дел на Украина, и на спроведување на договорот од Минск за прекин на огнот постигнат на почетокот на 2015 година. Претседателот на САД кажа дека економските санкции против Русија би можела да бидат олеснети ако прекинот на огнот всушност се почитува.

XS
SM
MD
LG